Саксија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Саксија
Remove ads

Саксија — сад во кој се чува земја и растение. На дното има дупка, така што вишокот вода може да излезе во посебен сад направен за таа намена, кој е во облик на чинија. Традиционално, саксиите биле изработувани од керамика, а денес тие сè почесто се прават од пластика, а во последно време и од биоразградливи материјали. Садовите се користат за различни намени:

  • одгледување украсни растенија
  • транспортирање на растенија на нова локација
  • одгледување садници
  • одгледување деликатни растенија во области со студена клима.[1]
Thumb
Керамичка саксија
Remove ads

Историја

Низ вековите, употребата на саксиите влијаела на хортикултурната употреба на растенијата. Египќаните биле меѓу првите кои користеле саксии за транспорт на растенија од една до друга локација. Римјаните ги внесувале саксиите со засадени растенија внатре, кога времето било студено. При откривање на нови делови од светот и нови растенија, саксиите се користеле за транспорт на нови култури во другите делови на светот.[2]

Remove ads

Занимливости

Во Атина во периодот помеѓу 371 и 287 г. п.н.е., саксии со растенија биле фрлани во морето за време на фестивалот во чест на Градината на Адонис. Растението, кое го нарекле јужно дрво, се одгледувало во саксии, бидејќи било тешко да се одгледува во природата.[3]

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads