Салих-паша Невесинец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Салих-паша Невесинец (починал на 16 септември 1647 ) — османлиски граѓански службеник и Голем везир.

Кратки факти НевесинецСалих паша, Голем везир ...
Remove ads

Младост

Салих-паша по потекло бил од Невесиње, Херцеговина, Босна, и бил испратен во Цариград во малдоста. За време на владеењето на Мурат IV (вла. 1623–1640),тој бил граѓански службеник специјализиран за трезорот. Тој бил и на други позиции исто така и конечно во периодот на владеењето на султанот Ибрахим I (вла. 1640–1648) во 1644, бил назначен за дефтердар, највисоката позиција во трезорот. Во 1645 година, Големиот везир Султанзаде Мехмед-паша бил разрешен. Првиот избор на султанот за местото бил Јусуф-паша. Сепак, Јусуф-паша не прифатил, и Салих-паша бил назначен за Голем везир на 17 декември 1645 година.[1]

Remove ads

Голем везир

Најважниот проблем во 1646 година бил војната на Крит, важен остров во Егејското Море, кој бил колонија на Република Венеција во првата половина на XVII век (Погледајте Критска војна (1645–1669). Салих-паша го испратил претходникот Султанзаде Мехмед-паша, на Крит како главен командант (турски: сердар). Кога Мехмед-паша починал наскоро, Гази Хусеин-паша бил назначен за следен командант. Тој бил успешен во завсемањето на Ретимно. Друго поважно прашање во тој период била и непослушноста на Мегрелија, која била вазална држава на Османлиското царство. Салих-паша успеал да го одржи мирот во таа покраина.[2]

Remove ads

Смрт

Според австрискиот ориенталист Јозеф фон Хамер-Пургштал, султанот Ибрахим I, неурамнотежен владетел, издал наредба во Цариград да не се движат коли влечени од коњи. Гледајќи дека оваа негова наредба не се почитувала, тој наредил да се погуби Салих-паша. За време на состанок на диванот, Салих-паша бил уапсен и погубен на 16 септември 1647 година.[2]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads