Саме Лимани-Жарноски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Саме Лимани - Жарноски (1935 - 28 јануари 2007) — македонски поет.[1] Роден е во село Жировница, Реканско. Завршил учителска школа. Работел како наставник по македонски јазик во Жировница. Член на ДПМ од 1991 година.[2] Добитник е на наградата за песна на манифестацијата „Празник на липите“.[1]
Од неговото богато творештво особено се истакнува песната „Не викајте ме Торбеш“[3] [4].
Во негова чест е именувано природното ледничко Самево Езеро, кое што се наоѓа на планината Дешат над неговата родна Жировница.
Remove ads
Книжевно творештво
- Распукани бигори (1970)
- Искри во изгасната пепел (1971)
- Не грачи, тажна птицо (1973)
- Цибрини и солзи (1976)
- Долината на љуњите и љубовта (1981)
- Завеани врвици (1983)
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads