Самовилска Вода (Зубовце)

извор и параклис во селото Зубовце, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Самовилска Вода — извор со лековита вода и мал параклис во близина на кумановското село Зубовце.

Thumb
Самовилска Вода

За него се верува дека секој оној кој ќе се напие и измие ќе оздрави и ќе закрепне.[1]

Местоположба

Thumb
Закачена облека на ридот над изворот

Месноста се наоѓа во подножјето на возвишението Крст, во еден дол, во близина на кумановското село Зубовце.

Пристап

До месноста може да се дојде преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 по селото Доброшане. Пред селото Зубовце се наоѓа патоказ каде се свртува десно и по неколку стотина метри се стигнува над изворот, каде се пристапува по скали кои водат до самиот извор и параклисот.

Месноста веднаш се забележува, бидејќи на целиот рид над изворот има обесени маици, панталони, чорапи и друго, по голите гранки на дрвјата и грмушките.[1]

Remove ads

Историја

За изворот се споменува во книгата „Кумановска област“ напишана од Јован Трифуноски, кој го посетил селото во 1972 година, во која е наведено дека изворот го посетуваат болни луѓе во петок и во недела. Тие тука се измиваат и оставаат пари, кошули, пешкири и друго.[2]

Легенда

За изворот и водата во него се вели дека има некоја виша сила. Тоа доаѓа од легендата во која се вели дека самовилите се бањаат во кладенецот во одреден ден во неделата. Тие се миеле ноќта меѓу четврток и петок, па затоа водата во изворот била најлековита пред изгрејсонце во петок.[1]

Remove ads

Верувања

За самиот извор се верува дека е лековит, па затоа луѓето доаѓаат во петок и во недела, како што пишува и на самиот параклис. Според верувањето, кога ќе се соблечат да го измијат болниот дел од телото, старите алишта ги оставаат засекогаш таму и си облекуваат нови. Токму затоа, има стотина делови од облека обесени на вегетацијата во околината.[1]

Мештаните од селото раскажуваат за необични случки поврзани со водите, особено поврзани со користењето на водата во другите денови, освен петок и недела.[1]

Параклис

До кладенецот, во 2015 година била подигната мала камена куќичка, на која се испишани пораки („Водата е отворена само во петок и во недела“; „Водата работи до 12 ч.“ и слично).[1]

Само на неколку метри над кладенецот, до едно старо дебело брестово дрво, исто од камен е изграден и олтар. Таму има неколку икони од Богородица, света Петка и од света Недела. Тука луѓето оставаат пари и палат свеќи.[1]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads