Самострел
вид оружје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Самострел е оружје кое се состои од лак што е монтиран на посебно изработено дрво за него. Посебен механизам на дрвото ја држи стрелата затегната додека не дојде време за отпуштање на стрелата. Самострелот имал значајна улога во средновековната војна во Европа, како и во Кина низ поголемиот дел од историјата. Денес самострелот се користи во спортот (стреличарство), како и во спортскиот лов.

Remove ads
Историја на технологијата на самострелот
Многу научници веруваат дека првиот самострел се појавил во Кина. Некои веруваат дека се појавил во 6 век п.н.е. Постојат и археолошки индикации дека се појавил во 2 век п.н.е. Останатите извори велат дека оригиналниот самострел се појавил во Источна Азија, но прашање е дали прв се појавил во Кина. Повеќето самострели варирале од мали (за една личност) до огромни за цела опсада. Балиста е основен збор за самострел во романските јазици како што се шпански (ballesta) и италијански јазик (ballesta).
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads