Самотна планета

From Wikipedia, the free encyclopedia

Самотна планета
Remove ads

Самотна планета (други можни називи се: планета скитник, планета патник, меѓуѕвездена планета, слободно лебдечка планета, слободнолетечка планета, квазипланета или талкачка планета) — меѓуѕвезден објект што има маса споредлива со планетарниот и сферичен облик, и кој е во суштина планета, но не е гравитациски врзан за ниту една ѕвезда, кафеаво џуџе или друга планета (иако може да има сателити).

Thumb
Студениот објект со планетарна маса WISE J0830+2837 (означен со портокалова боја) е набљудуван со вселенскиот телескоп „Спицер“. Тој има температура од 300 до 350 К (27 — 77 °C; 80 — 170 °F).

Доколку таква планета се наоѓа во галаксија, таа обиколува непосредно околу галактичкото јадро (периодот на обиколување обично е многу голем). Во спротивно, станува збор за меѓугалактичка планета, и планетата не обиколува околу ништо.

Такви планети можат да се појават со откачување од орбитата околу ѕвезда, како последица на некаков катаклизам. Во можноста за образување на такви планети без врска со ѕвезди, мнозинството специјалисти не веруваат.

Доколку сепак сличен објект се образувал без матична ѕвезда, тој, според некои астрономи, не треба да се нарекува планета: според оваа положба, како планети треба да се сметаат само оние објекти што се образувале во гасно-прашински диск околу ѕвезда. На пример, гасовит џин со маса помала од кафеаво џуџе, кој нема ѕвезда околу која се врти, треба да се определи не како планета, туку како кафеаво подџуџе (тоа е класа на ѕвезди, а не планети, иако во кафеавите подџуџиња не се одвиваат термојадрени реакции), бидејќи механизмот на образување на такви објекти е аналоген на образувањето на ѕвезди.[1]

Меѓународниот астрономски сојуз предложил овие планети да се класифицираат како кафеави подџуџиња.[2] Други астрономи сметаат дека таквите планети требаат да се вбројат во класата планетари како подвид на планета.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads