Сасуоло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сасуоло — индустриски центар во регионот Емилија-Ромања во Италија. Градот се наоѓа на десниот брег на реката Секија околу 17 километри јужно-западно од Модена.
Remove ads
Историја
Првото историско споменување на градот датира од 980 година. Во 1078 конзулите на Сасуоло се заколнале на лојалност кон комуната на Модена. Во 1373 градот бил предаден на семејството Есте по барање на самите граѓани, кои добиле право да вадат вода од реката Секија.
Градот е поседуван од Војводството Модена до 19 век.
Познати личности
- Пјеранџело Бертолини (1942–2002), пејач
- Андреа Бертолини (роден 1973), тркач
- Катерина Касели (роден 1946), пејачка
- Џузепе Медичи (1907–2000), политичар
- Давиде Моранди (роден 1969), фронтмен
- Федерико Пинели (роден 1989), артист
- Лео Моранди (1923–2009)
- Нек (роден 1972), пејач
- Грацијано Патуци (роден 1955), политичар
- Камило Руини (роден 1931), кардинал
Спорт
Сасуоло е родниот град на Серија А тимот Сасуоло Калчо, а тоа, исто така, го вклучува и стадионот Енцо Ричи.
Волеј Сасуоло е локален одбојкарски тим.[1]
Меморијал Арго Манфредини е тениски турнир кој се играл во градот, во рамките на челенџер серијата. Последен победник бил Фредерико Жил од Португалија.
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads