Сафо

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сафо
Remove ads

Сафо (околу 628 п.н.е. - околу 568 п.н.е.) била старогрчка лирска поетеса, родена на островот Лезбос.

Thumb
Портрет на Сафо

Животопис

Годината на раѓањето на Сафо обично се одредува некаде помеѓу 630 и 612 п.н.е., а според легендата, таа извршила самоубиство поради љубовта кон младиот Фаон, но Висконти и некои други критичари сметаат дека постоеле две жени Сафо: едната била поетеса, а другата била позната по несреќната љубов кон младиот Фаон.[1] околу 570 п.н.е., но малку се знае за нејзиниот живот.

Творештво

Сафо била плодна и позната поетеса која Александрите ја вклучиле во списокот на деветте лирски поети. Се смета дека напишала седум или девет долги книги со поезија, но најголемиот дел од нејзината поезија, која била добро позната во антиката, подоцна бил загубен. Поезијата на Сафо се врти околу страста и љубовта. Таа е зачувана само во фрагменти,[1] во цитати во делата на класичните автори, како и на ленти од папирус пронајдени во Египет.[2]

Remove ads

Влијание

Поезијата на Сафо продолжува да влијаат врз писателите до денес. Надвор од нејзината поезија, таа е позната и како симбол на љубовта меѓу жените.

Сафо се јавува како инспирација и тема во поеќе книжевни дела, како: „Сафо“ — роман на францускиот писател Алфонс Доде од 1884 година,[3] „Последната песна на Сафо“ — песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1822 година,[1][4] и „Рози за Сапфо“ — песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.[5] Исто така, „Песна за девојката“ на македонскиот поет Анте Поповски е посветена на Сафо.[6]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads