Свештеникот Садок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Свештеникот Садок“ (анг. Zadok the Priest, HWV 258) — свечена ода за крунисување од Георг Фридрих Хендл заснована на текстот на Библијата на кралот Јаков. Таа е една од четирите „Химни за крунисување“ на Хендл искомпонирани по повод крунисувањето на британскиот крал Џорџ II во 1727.[Note 1] Од тој момент, па до денес истите химни се изведуваат на секое крунисување на британскиот монарх, и тоа во текот на помазанието.

Remove ads
Текст
Иако овие химни сочинуваат долга традиција на крунисување, текстот, како и музиката, е личен избор на Хендл, направен врз основа на најдостапниот опис на претходно крунисување, она на Јаков II во 1685 г.[1] Текстот е земен од библиската приказна за помазанието на царот Соломон. Овие зборови се користат на секое крунисување на англискиот владетел, уште од устоличувањето на кралот Едгар во Батската опатија во 973 г.[2]
Зборови
Зборовите на песната се изведен препев од 3 Царства 1,38–40
|
Remove ads
Структура
Химната „Свештеникот Садок“ е дело за хор (во обликот СС-АА-Т-ББ) и оркестар (две обои, два фагота, три труби, тимпани, жичени инструменти, континуо). Окрестралниот вовед нè подготвува за изненадување по пат на статично наслојување на меки текстури од гудалата, по што ненадејно избувнува форте тути, дополнето од три труби.
Средишниот дел, во кој се вели „And all the people rejoic'd, and said“ е имитативен танц во 3/4 такт, каде хорот претежно пее во созвучје, а жичените инструменти свират во ритам со нотни точки.
Последниот дел „God save the King“ итн. се навраќа на (4/4) такт, со тоа што самите зборови „God save the King“ се во созвучје, прошарано со извиците „Амин!“ придружени од полуосминки наизменично со шестгласовните делови (СААТББ), додека пак другите гласови во придружба пејат осминки во созвучје. Хорот завршува со плагална каденца на „Алилуја“ во ларго.
Музиката на оваа дело е искористена и во познатата Химна на УЕФА Лигата на шампиони.
Remove ads
Белешки
- Другите „Химни за крунисување“ на Хендл се: „Царот ќе се весели“ (The King Shall Rejoice), „Прекрасни зборови извираат од моето срце“ (My Heart is Inditing) и „Да ти зајакне раката“ (Let thy Hand be Strengthened).
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
