Свиларче

From Wikipedia, the free encyclopedia

Свиларче
Remove ads

Свиларчето (науч. Cettia cetti) е мала кафеава птица што живее во грмушки, низ јужна и централна Европа,[2] северозападна Африка и југоисточна умерена Азија до Авганистан и северозападен Пакистан. Ја има и во Македонија. Ова е единствена птица од ова семејство што е распространета надвор од Азија. Taa e многу прикриена птица, односно тешко може да се види, како славејчето, и се покажуваат само еден краток момент.[3]

Кратки факти Свиларче, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Thumb
Свиларче

Свиларчињата се мали птици, долги 13-14 см,[4] тешки 12-15 грама.[5] Имаат заоблена глава со тенка бледо сива лента што минува над впечатливо црните очи, и кратки заоблени крилја. Богатите костенливи или темноцрвенокафеави бои ги има на крилјата, и на горните делови: главата и грбот. Однапред се светлосиви, на грлото и стомакот. Опашката им е подолга и поширока од повеќето други трскарчиња и грмушарчиња.[6]

Thumb
Cettia cetti cetti

Мажјаците и женките се слични. Мажјаците се 26% до 32% потешки од женките. Исто така, мажјаците имаат подолги пердуви на крилјата.[7][8]

Remove ads

Поведение

Живеалиштето на свиларчето се влажните подрачја, вклучувајќи ги барите, езерата, мочуриштата и реките. Тие се хранат со инсекти, помали за полесно да ги свари.[9]

Свиларчето го сигнализира своето присуство со многу гласна, и со висока честота, песна.[4] Пеење на свиларчето на YouTube Преку лето, мажјаците голем дел од времето го минуваат создавајќи ја својата територија, а многу помалку за грижа околу јајцата и пилињата. Откако ќе ја означат територијата, мажјаците обично привлекуваат повеќе од една женка со своето пеење.[10] Песната игра важна улога. Таа е карактеристична и им дозволува на своите видови да се пронајдат и да се спречи меѓувидово парење.[11]

Remove ads

Статус

Во Европа има околу 600.000-1.600.000 пара свиларчиња.[12] Популацијата е стабилна и во благ пораст, па затоа според Црвениот список на МСЗП е класифициран како вид со најмала загриженост.[13]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads