Свинички манастир

манастир во Свиница кај Кипсели, Берско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свинички манастир „Св. Атанасиј“ (грчки: Μονή Αγίου Αθανασίου Σφηνίσσης) — манастир кај Кипсели, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Свинички манастир, Место ...
Remove ads

Географија

Манастирот е сместен на десниот брег на Бистрица, јужно од селото Кипсели. Наречен е по некогашното село Свиница, напуштено во првите децении на XX век.

Историја

Манастирот е основан во средината на XVIII век. Во 1822 г, за време на Негушкото востание е уништен. Подоцна е обновен. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија служел како база за андартите.

Во 1922 г. станал сиропиталиште за децата-сираци меѓу доселените Грци.[1] Во 1928 г. манастирот имал 102 деца и 30 лица персонал.[2] Истата година настрадал во земјотресот. Неговата обнова започнала во 1950-тите. Ограден е со висок ѕид и наликува на византиска тврдина.[3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads