Антониј Велики
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Антониј Велики ( 251 , Кома, Египет - 356 ) — православен светец.
По смртта на своите благородни и богати родители, тој го поделил наследениот имот со својата малолетна сестра, ја згрижил кај некои свои роднини, својот дел од имотот го раздал на сиромасите, и во својата 20-та година се посветил на подвижнички живот, кон којшто тежнеел уште од детството. Најнапред се подвизувал во близината на своето село но да би го избегнал обеспокојувањето од луѓето се оддалечил во пустината, на бреговите на Црвеното Море каде што како затвореник поминал 20 години.
Неговата слава се пронесла низ целиот свет и околу него се собрале многу ученици, кои тој ги поучувал со личен пример и со зборови за патот на спасението. Во својот 85-годишен подвижнички живот само двапати отишол во Александрија и тоа, првиот пат барајќи мачеништво во време на гонењето на црквата, а вториот пат на покана на Свети Атанасиј за да одговара на клеветите од ариевците кои го оптужиле дека e поддржувател на Ариевата ерес.
Иако Антониј не бил писмен, бил советник и наставник на најучените луѓе од тоа време, како што бил св. Атанасиј Велики. Кога некои грчки филозофи го искушувале со литературна мудрост, Антониј ги засрамил со прашањето: “Што e постаро: разумот или книгата и што (од тие двете) e причина за другото?”
Според црковни извори, еден ден во црквата, тој ги слушнал зборовите:
„ | Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот. | “ |
Свети Антониј целиот негов живот го посветил на исполнување на овие зборови. Во текот на многу години ги поминал сите скалила на духовниот живот и со својот живот станал пример за сите монаси до денешен ден.
Свети Антониј Велики починал од природна смрт на возраст од 105 години, во 356 година.
Remove ads
Изреки
- Тој кој живее самотнички, ослободен е од три борби: говорот, видот и слухот. Кај него единствено останува борбата на срцето.
- Провери и испитај, ќе видиш дека валстодршците имаат власт само над твоето тело но не и над твојата душа. Имај го тоа секогаш предвид.
- Умни не се тие кои ги научиле изреките и списите на древните мудреци, туку тие кои го разликуваат доброто од злото.
Поврзано
- Коптски светци
- Хермит
- Манастир Свети Антониј, Египет
Надворешни врски
![]() |
„Свети Антониј Велики“ на Ризницата ? |
- Католичка Енциклопедија: St. Anthony, Abbot (англиски)
- Видео на врковниот историчар Ендрју Велс кој ја раскажува приказната за Антониј Архивирано на 31 мај 2010 г. (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads