Св. Никола (Октиси)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Никола — археолошко наоѓалиште во струшкото село Октиси. Претставува старохристијанска базилика од почетокот на V век.
Врз темелите на оваа старохристијанска базилика денес стои главната селска црква „Св. Никола“, која се наоѓа на северната страна од селото, изградена во 1925/27 година.[1]
Заштитни, а потоа и систематски археолошки ископувања се вршени од 1954 година од страна на Археолошкиот музеј на Македонија, под раководство на Димче Коцо и други истражувачи, сè до 1994 година. Базиликата има трикорабен наос со димензии од 27,2 × 24,1 м, нартекс, егзонартекс, бочни анекси и крстилница. Изградена е во една фаза, а подовите во централниот кораб, нартексот, крстилницата и северниот анекс се покриени со разнобојни мозаици, украсени со геометриски и цветни елементи и слабо зачувани животински претстави.[1]
Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга.
Во 2013 г. е решено да се обноват разните мозаици на базиликата, со можност и да се изложат во наменски објект до црквата.[2]
Remove ads
Слики
- Мозаик од базиликата
- Мозаик од базиликата
- Мозаик од базиликата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads