Св. Стефан (Малино)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Стефан — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Малино. Претставува осамен наод од римско време. Во прагот на црквата е вградена надгробна стела со старогрчки натпис. Според Н. Вулиќ, во тремот на црквата имало фрагмент од надгробна плоча од гнајс, а во дворот, од западната страна, надгробна плоча со профилирано натписно поле и релјефно претставени бисти на двајца мажи и една жена сместени во калканот. Овие камени споменици можеби потекнуваат од наоѓалиштето Поза Рид – Шољеви Камења.[1]
Remove ads
Поврзано
- Градиште — доцноантичко и средновековно градиште;
- Малино — осамен наод од римското време;
- Поза Рид - Шољеви Камења — населба од доцноантичкото време;
- Св. Стефан — осамен наод од римското време;
- Цигански Гробишта — средновековна некропола;
- Црвена Стена — некропола од доцноантичкото време;
- Малино;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads