Себрат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Себрат — село во Србија во општина Бујановац во Пчињскиот Управен Округ.
Местоположба
Себрат е мало село на планината Руен (на сливот на Узовска Река). Во атарот на селото се зачувани остатоци од стари населби. При орање, себрачани наишле на темели од куќи, керамика и друго во арехолошките наоѓалишта Селиште, Горњи Брусац, Црквиште и Шупљи Камен. На почетокот на ХХ век селото Себрат било чифличка населба со 28 домови. Беговите биле од Прешевска Моравица. Житото се обработувало во местото Обрушак. Маалата на селото Себрат се: Обрушче, Долно Mаало и Горнo Маало. Горно Маало се нарекува и Неварци (по семејството).[1]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 г. имало 105 жители (според пописот од 1991 година имало 93 жители). Во селото Себрат живее 81 возрасен жител, а просечната возраст на населението е 36,4 години (35,9 за мажи и 37,0 за жени). Во селото има 23 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 4,57.
Според пописот од 2022 во селото имало 37 жители.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads