Севан

езеро во Ерменија From Wikipedia, the free encyclopedia

Севан
Remove ads

Севан (ерменски: Սևանա լիճ) е најголемото езеро во Ерменија и едно од најголемите езера на големи надмосрски височини во светот.

Кратки факти Севан Սևանա լիճ, Координати ...

Поранешните имиња на езерото биле Гегаркуник (ерменски: Գեղարքունիք), Гегамско Море (ерменски: Գեղամա ծով), и Ѓукче (турски назив за Сино Езеро).[1][2]

Целото езеро е сместено во покраината Гехаркуник. Се храни од 28 реки и потоци. Само 10% од влиената вода истекува во реката Храздан (Раздан), бидејќи 90% испарува.

Пред човечкото влијание да го уништи езерото, тоа било длабоко 95 м, имало површина од 1.360 км2 (5% од целокупната ерменска површина), волуменот му бил 58 км3 и имало перијаметар од 260 км. Езерската површна била на надморска висина од 1.950 м.

Remove ads

Национален парк

Thumb
Ерменски галеб

Националниот парк Севан го опфаќа езерото и неговата околина и постои од 1978 година. Цел на паркот е зачувување на екосистемот на високопланинското езеро. Овде живеат ендемски видови на риби, разновиден растителрн и животински свет. Три ендемски видови на риби на кои оваа езеро им е живеалиште се севанска пастрмка( salmo ischchan) и два вида на крап( capoeta capoeta sevangi, barbus goktschaicus).

Што се однесува на птици овде престојуваат ерменски галеби кои претставуваат ендемски вид и водените птици преселници.Овде живеат и 336 вида на рбетници. Во овој национален парк постојат 1145 вида на васкуларни растенија[3] од кои 3 ендемски вида на Ерменија и 5 на Севан. Дури 267 вида на печурки раснат во басенот на езерото Севан, а од нив 100 се јадат. Просторот кој го зазема паркот е 147.300 хектари, од кои 22.600 се копнена територија.

Remove ads

Поврзано

  • Ишхан - севанска пастрмка

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads