Северна Африка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Северна Африка
Remove ads
Thumb
Државите на Северна Африка.

Географска положба

Северна Африка ја опфаќа територијата од Средоземното Море на север до реката Нигер и езерото Чад на југ. Се простира од Атлантскиот Океан на запад до Црвеното Море на исток, односно ги зафаќа териториите што хидрографски главно, гравитираат кон Средоземното Море на север и Атлантскиот Океан на северозапад.

Големина

Северна Африк зафаќа околу 13 милиони км2 површина на која живеат околу 200 милиони жители, од кои поголемиот број се Арапи. Поголемиот дел од територијата ја зафаќа пустината Сахара, поради што Северна Африка е најретко населена.

Демографија

На територијата на Северна Африка се наоѓаат државите: Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Судан, Западна Сахара и Мавританија. Сите тие излегуваат на море. Повеќето држави во Северна Африка се големи по површина, освен Тунис. Но, поради климатските одлики, населеноста и економската развиеност се мошне нерамномерни. Населението е најгусто населено во приморските делови, покрај долините на реките и во оазите. Поголемиот дел од териториите во пустините се ретко или воопшто не се населени. Главни стопански дејности се земјдолеството и сточарството. Од земјоделските прозиводи се одгледуваат жита, маслинки, винова лоза, лимони, портокали, памук и др. Сточарството се одликува со одгледување на овци, кози, камили и говеда. Од рудните богатства во Северна Африка се застапени нафта, фосфати, железо, олово и цинк. Покарактеристични индустриски развиени региони се северниот дел на Египет, Алжир, Либија, Тунис и Мароко - каде што се најразвиени прехранбената и петрохемиската индустрија. Населението во Северна Африка е претежно со исламска вероисповед. Демографската слика на Северна Африка со основните податоци изгледа вака:

Повеќе информации држава, население ...
Remove ads

Карти за Северна Африка

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads