Северногерманска Низина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Северногерманската Низина (герм. Norddeutsches Tieflan)[1] е еден од главните географски региони на Германија и претставува германски дел на Северноевропската Низина. Регионот е опкружен со бреговите на Северното и Балтичкото Море на север и Средишните Ридови[2] на југ.

На запад, јужната граница на низината ја образуваат Долносаксонските Ридови - особено сртот сочинет од Тевтобуршката шума, Виенските Ридови, Везерските Ридови и Долносаксонското Берде - кои делумно ја двојат од подрачјето на рамницата наречено Вестфалска Низина. Друг дел од јужната граница на низината образуваат Рајнските Шкрилни Планини: Ајфел, Бершкиот крај и Зауерланд. На исток, Северногерманската Низина продолжува и по Харц и Кифхојзер, сè до средносаксонскиот ридски крај и падините на Рудните Планини.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads