Севилскиот бербер

опера од Џоакино Росини From Wikipedia, the free encyclopedia

Севилскиот бербер
Remove ads

Севилскиот бербер или Залудната претпазливостопера буфа во два чина од Џоакино Росини по либретото на италијански од Чезаре Стербини. Либретото се базира на француската комедија „Севилскиот бербер“ од Пјер Бомарше (1775). Премиерно е изведена на 20 февруари 1816 година во римскиот Театро Аргентина, со дизајни на Анџело Тосели.

Кратки факти Севилскиот бербер, Изворно ...

Севилскиот бербер од Росини се истакна како едно од најголемите ремек-дела на комедија во музичката индустрија, и се опишува како опера буфа на сите „опери буфа“. И по двесте години, сè уште е популарно дело.[1]

Remove ads

Компонирање на операта

Во операта на Росини се повторуваат настаните од првите три чина на францускиот драматург Пјер Бомарше, кои се вртат околу паметниот и друштвен лик Фигаро, берберот од насловот. Операта на Моцарт „Свадбата на Фигаро“, компонирана 30 години претходно во 1786 година, се базира на вториот дел од трилогијата на Бомарше. Првата драма на Бомарше првично била замислена како комична опера, но како таква била отфрлена од Театарот на италијанска комедија.[2] [3] Претставата, каква што ја знаеме денес, е премиерно изведена во 1775 година во театарот Тилери во Париз.[4]

Росини е познат по тоа што е исклучително продуктивен, завршувајќи во просек по две опери годишно во текот на 19 години; а во некои години завршувајќи дури и четири. Музиколозите веруваат дека музиката за Севилскиот бербер е компонирана за помалку од три недели, иако познатата увертира е преработка од две претходни опери од Росини (Аурелиано во Палмира и Елизабета, англиската кралица).[5]

Remove ads

Улоги

Повеќе информации Улоги, Глас тип ...
Remove ads

Дејствие

Место: Севиља, Шпанија [12]
Време: 18 век [13]

Чин 1

Младиот и симпатичен гроф Алмавива, маскиран како Линдоро катадневно пее под прозорецот на Розина со цел да ја освои. Розина е млада девојка која го чува и се грижи за стариот Бартоло, кој не ѝ дава премногу слобода зошто има намера да се ожени со неа кога таа ќе потпорасне.

Фигаро (берберот од насловот) порано бил слуга на грофот Алмавива, и затоа грофот бара помош од него да му помогне да се сретне со Розина, нудејќи му пари ако успее. Фигаро го советува да се маскира како пијан војник кому му е наредено да се сретне со Бартоло и така да влезе во куќата.

Розина која е веќе вљубена во Линдоро (незнаејќи дека тој е всушност грофот Алмавива), му пишува љубовно писмо, а сомнежот кај Бартоло расте.

Грофот Алмавива, маскиран како војник и преправајќи се дека е пијан, влегува во куќата и бара да биде сместен. Бартоло му кажува на „војникот“ дека има официјален документ со кој тој е изземен од должноста да сместува војници во неговиот дом, и додека го бара документот во неговата работна маса, Алмавива и шепнува на Розина дека тој е маскираниот Линдоро и ѝ го покажува љубовното писмо. Бартоло го забележува тоа и бара да му се покаже што пишува на ливчето. Започнува кавга, и по кратко време влегува надзорник. Бартоло бара од него да го уапси „пијаниот војник“, но Алмавива тивко му го открива својот вистински идентитет на надзорникот и тој се повлекува.

Чин 2

Грофот Алмавива повторно се појавува кај Бартоло, овој пат маскиран како Дон Алонсо, свештеник и учител по пеење, кој го заменува наводно болниот Базилио. За да ја добие довербата на Бартоло, Дон Алонсо му кажува дека нашол писмо од Линдоро до Розина и вели дека Линдоро е слуга на грофот Алмавива, со нечесни намери кон Розина. Додека Алмавива се преправа дека ѝ држи лекција за пеење на Розина за пеење, пристигнува Фигаро да го избричи Бартоло. Не сакајќи да ја остави Розина сама со наставникот по пеење, Бартоло инсистира Фигаро да го избричи токму таму во музичката соба. Одеднаш се појавува Базилио на закажана музичка лекција, но Алмавива го поткупува со полна чанта пари и го убедува да замине. Бартоло го слуша заговорот меѓу љубовниците и луто ги брка сите од собата.

Бартоло му наредува на Базилио да го подготви нотарот за неговата женидба со Розина таа вечер. Базилио заминува и пристигнува Розина. Бартоло ѝ го покажува на Розина писмото што му го напишала на „Линдоро“, сакајќи да ја убеди дека тоа е доказ дека Линдоро си поигрува со неа по налог на Алмавива. Розина верува во приказната и дава согласност да се омажи за Бартоло.

По некое време, Алмавива и Фигаро се качуваат по скали до балконот и преку прозорец влегуваат во собата на Розина. Розина го обвинува Алмавива, за кој верува дека е Линдоро, дека ја измамил. Алмавива го открива својот идентитет и двајцата се смируваат. Додека Алмавива и Розина се восхитени еден од друг, Фигаро постојано ги повикува да заминат. Се слушаат две лица како се приближуваат кон влезната врата. Тоа се Базилио и нотарот. Грофот, Розина и Фигаро се обидуваат да заминат по скалите, но откриваат дека се тргнати. Со закани и подмитување, Алмавива го принудува нотарот да го ожени за Розина, со Базилио и Фигаро како сведоци. Влегува Бартоло, придружуван од полицаецот и чуварите, но предоцна; бракот е веќе склучен. Збунетиот Бартоло се помирува со тоа што ќе му биде дозволено да го задржи миразот на Розина. Операта завршува со химна за љубовта ("Amor e fede eterna, si vegga in noi regnar!" ; „Нека љубовта и вербата вечно владеат во нас“).

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads