Седиште на Обединетите нации

From Wikipedia, the free encyclopedia

Седиште на Обединетите нацииmap
Remove ads

Седиште на Обединетите нации (англиски: Headquarters of the United Nations) — една од најзначајните архитектонски градби во Њујорк (град), проектирана е група архитекти, чиј главен идеен проект бил изработен од страна на бразилскиот архитект Оскар Нимаер. Зградата е изградена во 1948 година.[1]

Кратки факти Седиште на Обединетите нации Headquarters of the United Nations, Општи податоци ...
Remove ads

Опис

Историјата на проектот за самиот објект е доста сложена и богата. Во конкурсот за нејзината изградба учествувал светски познатиот архитект Ле Корбизје кој го наговарал својот помлад колега Оскар Нимаер да конкурира и да создаде свое видување за архитектурата на самата зграда и коплексот околу неа. Меѓународната комисија го одбрал проектот на Нимаер.

Самата зграда има тквадратна форма која се протека елегантно во вертикала изградена од ѓелична конструкција која е целосно застаклена. Надворешната фасада е препокривана рефлектирачко стакло кое ја рефлектира, огледално околината.

Внатрешниот, просторот е целосно проектиран според потребите на современ ентериер за која била наменета. Во предворието или поголемата површина од влезните пасажи на кровната конструкција има употреба на стакло што придонесува за отвореност, светло и прозрачност. Покрај карактеристичната архитектонска квадратна вертикала, севкупната површина е збогатена и со низа други објекти, кои не се помалку важни во архитекстонска смисла - внесени се меѓудругото и полукружни содржини, скулптурални елементи и низа архитектонски елементи кои денес се своевидна галерија на современата архитектура.[2].

Remove ads

Стилски одлики

Оскар Нимаер е еден од најзначајните аритекти на дваесеттиот век. Зградата на седиштето на обединетите нации денес е еден од најпрепознатливите објекти и архитектонски симболи.и е меѓу неговите врви дела. Во својот уметнички израз Нимаер во неа употребува челик, севкупно обложен со рефлектирачко стакло. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата на разновидните материјали, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.[3].

Remove ads

Литература

  • . ISBN 978-0-8147-0794-4. Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |язык= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); Отсутно или празно |title= (help)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads