Планинско седло

From Wikipedia, the free encyclopedia

Планинско седло
Remove ads

Седло — вдлабнато место на билото на една планина[1] или пак меѓу два рида или планини. Претставува подрачје околу највисоката и најниската точка на линијата која ја сврзува вододелницата (длапката) што ги сврзува возвишенијата. Кога е проодно, седлото е превој меѓу два масива, или најниската патека низ која се минува меѓу два врва.

Thumb
Седлото (превојот) Крстец на Јабланица.

Структурна геологија

Во структурната геологија, седлото е вдлабнатината сместена долж осното протегање на една антиклинала.[2]

Математички седла

Thumb
Патека долж седло.

Седлестата точка во математиката го добила името од дводимензионалниот прототипен пример чија површина се извива нагоре во еден працец, а надолу во друг, налик на јавачко седло или планински превој.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads