Седуммина против Теба

драма на Есхил From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Седуммина против Теба (старогрчки: Ἑπτὰ ἐπὶ Θήβας, Hepta epi Thēbas; латински: Septem contra Thebas) — третата претстава во Едиповата трилогија напишана од страна на Есхил во 467 п.н.е. Трилогијата понекогаш е ословувана со името Едиподеја.[1] Во делата се разработува војната меѓу армијата на Аргос предводена од Полиник и армијата на Теба предводена од Етеокл аи неговите поддржувачи. Трилогијата ја има освоено првата награда за дионисија. Првите две претстави, Лај и Едип, како и сатирата Сфинга, денес не постојат.

Кратки факти „Седуммина против Теба“ ...
Remove ads

Заднина

Кога Едип, кралот на Теба, ќе разбере дека се оженил со сопствената мајка и дека има два сина и две керќи, се ослепува самиот и ги проколнува синовите да го поделат наследството со меч. Синовите, Етеокл и Полиник, во обид да избегнат крвопролевање, се договориле да владеат со Теба наизменично. По првата година на владеење, Етеокл одбива да се повлече од престолот, со што го приморува Полиник да насобере војска од Аргос (предводена од познатите седуммина) за да ја освои Теба насила. Од овој момент започнува трагедијата на Есхил.

Remove ads

Фабула

Седуммина против Теба нема некоја особена акција, наместо тоа, изобилува со голем број на дијалози меѓу граѓаните на Теба и нивниот крал Етиокл за опасноста од непријателската војска пред портите.Преку дијалозите се дава слика за карактерот на Етиокл. Постои и долг опис на секојод седуммте капетани кои ја водат војската од Аргос пред седуммте порти на Теба како и пеиказите на нивните штитови. Етиокл, пак, кој Тебански војсководци ќе ги прати против напаѓачите од Аргос.Конечно, се дознава дека водачот пред седмата е Полиник, братот на Полиник. Тогаш Етиокл се присеќава на клетвата на нивниот татко Едип.[2] Етиокл се одлучува да се сретне и да се бори со својот брат пред седмата порта и излегува. Следен од хорска ода, влегува гласник, кој објавува дека напаѓачите се разбиени но Етиокл и Полиник се убиле меѓусебно во битката. Нивните тела се донесени на сцената, и хорот ги сожалува.

Поради славата на Софоклевата претстава Антигона, крајот на Седуммината од Теба бил препишан скоро педесет години по Есхиловата смрт.[3] Есхил го напишал крајот со трагично жалење за мртвите браќа, но денес има завршница со крај кој послужува како вовед во Софоклевата претстава: се појавува гласник, кој објавува дека има забрана за погребување на Полиник, неговата сестра Антигона, сепак, ја најавува својата намера дека ќе се спортистави на вакавата наредба.

Седуммината напаѓачи и бранители во претставата се:

Повеќе информации #, Напаѓачи ...
Remove ads

Митска содржина

Митологијата за „неандминатите“ и „бурни“ седуммина кои претставувале закана за градот се смета дека е заснована на историјата од бронзената доба генерација пред Тројанската војна,[4] кога од наброените бродови во Илијадата' единствено останува Хипотебај („Нискоград“) кој пристинува на рушевините на Теба. Сепак на археолозите им било тешко да ги најдат седуммте порти на „седум-портената Теба“:[5] Во 1891 Улрих фон Виламовиц-Молендорф објавил дека седуммте порти постоеле како симетрија на седуммте азиланти, кои имаат најразлични имиња: sнекои од нив имаат и познати идентитети, како што е гатачот амфиара, „кој имал сопствено светилиште и култ... Други се појавуваат како резервни ликови за да го надополнат списокот,“ според Буркет. „Да наречеш еден од нив Етеоклбратот на Полиник, е најверојатно очајниот обид на поетот“[6] Буркет се надоврзува на Ернест Хаволд во 1939 дека седуммината е мит предводен од Адраст на неговиот магичен коњ, седуммте демони од Подземјето, Буркет ја потенцира поврзаноста со еден Акадиски епски текст, приказната за богот на чумата Ера, и семуммината (Сибити), биле повикани да го уништат човештвото, но кој се повлекува од Вавилов во последниот момент. Градот е спасен кога браќата едновремено се прободуваат меѓусебно. Буркет претставил релјеф од деветтиот век од Тел Халаф што точно ќе го прикаже текстот од вториот Самуел II: „Се зграбија меѓусебно за косите и го наби мечот во него па така сите паднаа заедно“.

Митската тема станала дел од Етрурската култура:бронзена позадина од огледалото[7] со натписи на Полиник и Етеокл кои се залетани еден кон друг со кренати мечеви. Особено непријатен детал од битката во која Тидејг го џвака мозокот на Меланип за време на опсадата, истата сцена се појавува и во теракотен релјеф во храмот во Пирги, о. 470–460 п.н.е.[8]

Thumb
Етеокл и Полиник се изнесени, мртви, по Битката за Теба, од Алфред Џон Чрч

Седуммината против Теба се:

  1. Адраст
  2. Амфиар
  3. Капаниј
  4. Хипомедон
  5. Партенопиј
  6. Полиник
  7. Тидеј

Сојузници:

  1. Етеокл и Мекистеј. Некои извори, сепак, тврдат дека Етеокл и Мекистеј биле дел од седуммината, и дека Тидеј и Полиник биле сојузници. Ова се должи на фактот што Тидеј и Полиник биле странци. Сепак, Полиник бил причината за целиот судир, и Тидеј извел храбри дела надминувајќи ги Етеокл и Мекистеј. Како и да е, сите деветмина биле присутни на местото (и убиени) во Битката за да го спасат Адраст.

Бранители на Теба:

  1. Меланип
  2. Полифонт
  3. Мегаре
  4. Хиперби
  5. Актор
  6. Ластен
  7. Етеокл

Поврзано Епигони, митичната тема од Втората војна за Теба.

Remove ads

Лај, Едип и Сфинга

Другите две претстави кои се составен дел на трилогијата Седуммина против Теба, Лај и Едип, и сатирата Сфинга, се останати само неколку делови. Единствениот дел кој со сигурност се однесува на Едип е реченица преведена од страна на Херберт Веир Смит „Ние напредувавме на патувањето до местото каде трите патишта се разгрануваат, пошто ја минавме раскрсницата на трите патишта кај Потинај.“[1] Двете единствени реченици кои дефинитивно се дел од сатирата Сфинга се преведени од Смит „За странецот наметка, стара круна, најсилните окови, како што вели Прометеј,“ и „Сфингата, чуварот кој опстојува во злите денови.“[9]

Remove ads

Превод

  • Артур Веј, 1906 – стих
  • Морсхед, 1908 – стих: електронски текст
  • Едвин Беван, 1912 – стих
  • Куксон, 1922 – стих
  • Херберт Веир Смит, 1922 – проза: целосен текст
  • Давид Грин, 1956 – стих
  • Филип Велакот, 1961 – стих
  • Вил Повер, 2001 – стих, лирика
  • Јорго Теодоридис, 2010, проза: целосен текст

Поврзано

  • Малиот Стеисихор, фрагмент на папирус за Тебанскиот мит од лиричарот of Стеисихор

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads