Сежана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сежана (италијански: Sesana) — град во регионот Приморска во Словенија, близу границата со Италија. Тој е седиште на Општина Сежана. Градот се наоѓа на висорамнината Карс, и е оддалечен 17 километри од Трст, Италија, и 80 километри од Љубљана, главниот град на Словенија.[2]
Remove ads
Remove ads
Име
Градот бил потврден во пишаните извори како in Cesan во 1152 година (и како Ses(s)ana во 1293 и Sexana во 1442 г.). Потеклото на името е нејасно. Раните транскрипции не поддржуваат врска со Света Сузана или со фрулијанскиот топоним Susáns. Наставката -ана укажува на романско потекло, со можност називот да е изведен од латинското лично име Сесиус. Друга можност е називот да е изведен од имотното име *Sextiānum, а исто така можно е да е од ломбардско потекло.[3] Во 19. век имињата Сесана и Сехсана биле во официјална употреба.[4]
Remove ads
Историја
До 1918 година, градот бил дел од Австриската монархија, на чело на истоимената област, еден од единаесетте Bezirkshauptmannschaften во покраината Австриско приморје.[5]
Сежана останало мало и незначително село сè до средината на 19. век, кога австриската јужна железница, која ги поврзува Виена и Трст, била изградена во близина. Со тоа Сежана бил поврзан на голема сообраќајница и наскоро станал најважен центар на висорамнината Карс, заедно со Опичина. По 1918 година, градот бил припоен кон Кралството Италија и вклучен во покраината Трст.
Во текот на фашистичкиот период, населението било подложено на насилна политика на италијанизација, и голем дел од месното население се приклучило на милитантната анти-фашистичка организација ТИГР. Во текот на втората светска војна, посебно по 1943 година, областа станала бојно поле помеѓу партизанскиот отпор и фашистите и силите на Нацистичка Германија. Во мај 1945 година, Сежана бил ослободен од југословенските партизани. Помеѓу јуни 1945 и септември 1947 година, градот бил администриран од британска и американска војска. Во 1947 година, Сежана станал дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија и во 1991 година од независна Словенија.
Remove ads
Стопанство
Многу индустриски претпријатија се наоѓаат во Сежана, вклучувајќи големи компании како и многу мали претпријатија. Сежана исто така е центар за туризам. Со местоположбата помеѓу Љубљана, Трст, и јадранскиот брег и многутте значајни туристички знаменитости во близина, како ергелето во Липица, Постојнска Јама, Шкоцкански Јами, пештерата Виленица и утврденото село Штањел, Сежана е привлечно туристичко одредиште. Градот исто така е значаен земјоделски центар.
Збратимени градови
Галерија
- Црква „Св. Мартин“
- Градска архитектура
- Ботанички парк
- Ботанички парк
- Железничката станица
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads