Сеизмометар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сеизмометар
Remove ads

Сеизмометар — инструмент што ги мери и запишува движењата на тлото, вклучувајќи го и движењето предизвикано од сеизмичките бранови при земјотреси, јадрени експлозии и други сеизмички извори. Записите на сеизмичките бранови им овозможуваат на сеизмолозите да ја проучат внатрешноста на Земјата, како и да ја пронајдат и измерат јачината на овие извори.[1] Сеизмограф е друг израз за сеизмометар, иако е посоодветен на постарите инструменти во кои мерењето и запишувањетo на Земјиното движење се комбинирани, додека во новите инструменти овие две функции се одвоени.[2] Двата типа на инструменти обезбедуваат континуирани записи на движењето на тлото. Инерцијалните сеизмометри се состојат од:

  • Маса наречена инерцијална маса, која може да се движи во однос на рамката на инструментот, но е закачена за инструметот (со федер) така што таа се држи до рамката кога нема движење.
  • Средство за запишување на движењето во однос на рамката, или на силата потребна да ја држи во мирување. Било кое движење на тлото ја придвижува рамката. Масата има тенденција да не се придвижи поради инерцијата и мерејќи го релативното поместување помеѓу рамката и масата, се определува поместувањето на тлото иако масата не се движи.
Thumb
Сеизмограф
Remove ads

Историски развој

Првите сеизмометри користеле оптички крак или механички додаток за да се зголемат малите поместувања и да се запишат на фотографска хартија.[3] Современите инструменти користат електроника. Професионалните сеизмички опсерватории обично користат инструменти кои мерат на три оски: север-југ, исток-запад и нагоре-надолу. Доколку може да се мери само една оска се мерат вертикалните поместувања бидејќи даваат подобри записи од некои сеизмички бранови. Сеизмометрите може да имаат еден од следните два типа на излез: аналоген или дигитален. Аналогните сеизмографи изискуваат соодветна опрема за аналогно запишување, вклучувајќи и претворач од аналоген во дигитален излез. Дигиталните сеизмографи едноставно се приклучуваат на компјутери.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads