Сексард
град во Унгарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сексард (унгарски: Szekszárd; хрватски: Seksar) — град во Унгарија и главен административен центар на округот Толна. Според бројот на населението Сексард е најмалиот главен град на округ во Унгарија; според неговата површина се наоѓа на претпоследно место - само пред Татабања.
Remove ads
Географија
Сексард лежи на среќавачката точка на прекудунавските ридови со Големата унгарска котлина.
Историја

Сексард за првпат бил споменат во 1015 година. Бенедиктинскиот манастир кој се наоѓа во градот бил изграден од кралот Бела I во 1061 година.
За време на владеењето на Кралот Матијаш Сексард бил главната точка на бискупот Џон, кој бил вклучен во заговор против кралот. Замокот во градот во тој период бил срушен, по наредба на Кралот Матијаш.
Во 1485 г. Сексард бил веќе значаен град, и имал 5 пазарни денови во годината, но за време на отоманското освојување на Унгарија, градот опустел и манастирот бил целосно уништен.
Во 18 век, градот повторно станал значаен, станал главен град на округот и добил свој грб. Градот бил повторно уништен во пожарот од 1794 година, но и тоа не го сопрело развивањето на градот. Повеќето од важните згради - вклучувајќи ги градската куќа и неколку цркви биле изградени во периодот на 19 век. Во тој период Сексард имал население од 14,000 луѓе.
Михали Бабитс, значан унгарски поет е роден во Сексард.
Во 1994 г. Сексард бил награден како град со права на округот, според новиот закон кој бил донесен во тоа време кој велел дека сите главни градови на округот имаат и права на него. (Претходно сите градови со население поголемо од 50,000 луѓе, а во тој период Сексард бил еден од двата града со население помало од 50,000; другиот бил Шалготарјан).
Remove ads
Туристички атракции

- Старата градска зграда (Нео-класизицам)
- Аугуст вилата (Франц Лист бил гостин во неа)
- Родената куќа на Михали Бабитс, музеј
- Родената куќа на Валерија Диенес
- Урнатините на банедиктинскиот манастир
- Јанос Гарај, поет - плоштад и споменик
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads