Селена

From Wikipedia, the free encyclopedia

Селена
Remove ads

Селена (грчки: Σελήνη = „Месечина“) била грчка божица на месечината. Таа била ќерка на титаните Хиперион и Теја, како и сестра на Хелиј (богот на Сонцето) и на Аврора (божицата на утринското руменило). Како и нејзиниот брат Хелиј, таа се возела со кочија по небото, влечена од два бели коња или две говеда (чии рогови ја симболизираат полумесечината). Хомеровата химна за Селена најдобро ја отсликува божицата. Подоцнежните митови ја опишуваат како белорака божица со убави локни, со долги крила и со златна круна во форма на зраци.[1]

Thumb
Селена го бакнува Ендимион додека спие
Remove ads

Митот за Селена

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads