Селечки манастир (Прилепско)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Селечки манастир — македонски православен христијански манастир кој се наоѓа во селото Селце. Самиот манастир е во непосредна близина и на градот Прилеп, поради што е често посетуван од страна на граѓаните на Прилеп, од каде што води асфалтен пат.[1]
Remove ads
Историја
Изграден е во 1933 година и истата година е осветен од тогашниот битолски епископ Николај (Велимировиќ). Манастирот е сместен во шумско подрачје на планината Селечка, на неколку километри од градот Прилеп.
Денес во тек е градбата на новите конаци и новата камбанарија.[1]
Цркви
Околу манастирот се наоѓаат и малите црквички „Св. Петка“ и „Св. Илија“. Воедно, покрај манастирот, како крст се распоредени и четири свети води: Света Недела, Свети Димитрија, Света Петка и Средочна Вода.[1]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads