Селиште (Трновци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Селиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Трновци. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на околу 1,5 км источно од селото, каде при обработувањето на земјата жителите наоѓале ѕидови градени од камен и варов малтер. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од многубројни керамички садови, покривни ќерамиди и мермерни блокови. Од ова наоѓалиште во црквата Св. Недела е донесена мермерна ара која на челната страна има правоаголно поле со релјефен приказ што е оштетен. На десната страна има женски лик, а под него натписно поле во 4 реда, со старогрчки натпис.[1]
Remove ads
Поврзано
- Трновско Кале — населба од хеленистичко време;
- Дапче — некропола од средниот век;
- Герамидница — населба од доцноантичко време;
- Трновци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads