Селско месо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Селско месо е традиционално македонско и балканско јадење од свинско месо и печурки. Најчесто се користат следниве состојки: свинско месо, парчиња кромид, сушено месо, говедско, домати или кечаш, крем сирење, печурки, пиперки, зачини, вино и сол. Традиционално се подготвува во земјен сад.[1] Постојат варијанти на селско месо,[2] а една од тие варијанти се нарекува селска тава.[3] Во некои краишта. се додава и пилешко месо.
Remove ads
Подготовка
Месото се сече на коцки и се пржи. Потоа во истиот сад се додаваат: исечканиот кромид, магдоносот, печурките (маринирани или свежи) да се пржат околу 10 минути. Сето ова се претура во земјен сад, и заедно со останатите зачини, вода и вино се пече два до три часа.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
