Семјуел Морз

From Wikipedia, the free encyclopedia

Семјуел Морз
Remove ads

Семјуел Финли Бриз Морз(е) (англиски: Samuel Finley Breese Morse; (27 април 17912 април 1872) — американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти - електричниот телеграф и Морзеовата азбука.

Кратки факти Роден, Починал ...

Морз е роден во Чарлстаун, Масачусетс на 27 април 1791 година и се школува на Универзитет во Јејл. Учи да црта во Лондон и станува успешен сликар на портрети и еден од најголемите национални уметници во свое време. Истовремено бил и добар вајар.

Во 1826 година станал првиот претседател на Интернационалната Академија за Дизајн во Њујорк. Во тоа време се заинтересирал за хемиски и електрични експерименти и инструменти и започнал со правењето на електромагнетниот телеграф, што целосно успеал да го конструира и комплетира во 1836 година, кога имал 45 години. Истовремено, со самото комплетирање на оваа иновација тој измислил и кодирана азбука, која денес е позната како Морзова азбука, токму во негова чест. На 4 септември 1837 година, во присуство на поголем број научници, Морз со успех ја демонстрира работата на телеграфот.

Во 1843 година, Американскиот конгрес на Морз му одобрува 30.000 $ за конструкција на телеграфска мрежна врска меѓу Вашингтон и Балтимор, Мериленд. Линијата е успешно инсталирана една година подоцна и официјално е отворена на 24 мај 1844 година, кога Морз ја испраќа првата телеграфска порака: "What hath God wrought" („Што правеше Бог?”, Библија, Книга Броеви, 23:23).

Во 1850-тите, Морз бил многу познат како бранител на ропството во Америка.[1]

Умира на 2 април 1872 година, во својот дом, на возраст од 80 години.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads