Сем Кук

американски пејач и текстописец (1931-1964) From Wikipedia, the free encyclopedia

Сем Кук
Remove ads

Семјуел Кук (англ. Samuel Cooke;[5] 22 јануари 1931[6] – 11 декември 1964), [5] професионално познат како Сем Кук (англ. Sam Cooke) ― американски пејач и текстописец. Тој бил еден од највлијателните соул-музичари на сите времиња и го викале „Крал на соулот“ поради: неговиот карактеристичен глас, придонесот како основоположник на соул-музиката и значењето во популарната музика.[7] За време на неговата осумгодишна кариера, Кук објавил 29 синглови кои се пласирале во топ-40 на топ-листата за поп-синглови од Билборд, како и 20 синглови во топ-10 на ''Билбордовата топ-листа за црни синглови“. Во 1964 година Кук бил застрелан и убиен од менаџер на мотел во Лос Анџелес.[8] По истрагата, судовите пресудиле дека се работи за оправдано убиство.[9] Кук се наоѓа на Билбордовиот список од „35 најдобри R&B музичари на сите времиња“ објавен во 2015 година.

Кратки факти Сем Кук, Животописни податоци ...
Remove ads

Животопис

Семјуел Кук е роден во Кларксдејл, Мисисипи, во 1931 година (тој додал „е“ во неговото презиме во 1957 година за да означи нов почеток на неговиот живот).[10] [11] Тој бил петто од осумте деца на Чарлс и Ени Меј Кук.

Во 1933 година, неговото семејството се преселило во Чикаго,[12] каде што Кук завршил средно училиште. Кук пеел во хорот на црквата на неговиот татко и ја започнал својата кариера со своите браќа и сестри во групата наречена Singing Children кога имал шест години.[12] Станал познат како пејач на групата Highway QC's на која ѝ се приклучил на 14-годишна возраст.[12]

Remove ads

Кариера

Почетоци

Сем Кук професионалната кариера ја започнал во 1950 година, откако станал пејач на госпел-групата The Soul Stirrers, која потпишала договор со Specialty Records.[12]

Успеси во поп-музиката

Кук имал 30 песни кои се пласирале на американската топ-40 листа во периодот од 1957 до 1964 година, и уште три песни кои биле постхумно објавени. Twistin' the Night Away бил еден од неговите најпродавани албуми.[13] Кук, исто така, бил меѓу првитецрни изведувачи и композитори кои започнале со деловни потфати како поддршка за музичката кариера. Основал дискографска и издавачка куќа. Активно учествувал и во Движењето за граѓански права.[14]

Thumb
Кук во Билборд, 1965 година, објавена постхумно

Негов прв поп/соул сингл бил „Lovable“ (1956), римејк на госпел песната „Wonderful“. Бил издаден под псевдонимот „Дејл Кук“[15] за да не го напуштат неговите госпел-обожаватели; во тоа време имало значително стигматизирање на госпел-пејачите кои изведувале секуларна музика. Сепак, бил препознаен по неговиот карактеристичен и уникатен глас.[9]. Арт Руп, директор на Specialty Records, издавачката куќа на Soul Stirrers, му допуштил на Кук да снима секуларна музика под неговото вистинско име, но тој не бил задоволен од типот на музика која ја правел Кук. Руп очекувал секуларната музика на Кук да биде слична на онаа на друг изведувач од Specialty Records, Литл Ричард. По една кавга со Руп, Кук и неговиот продуцент Блеквел ја напуштиле издавачката куќа.[12]

Во 1957 година, Кук потпишал договор со Keen Records. Неговиот прв хит, „You Send Me“, објавен како Б-страна на „Summertime“,[15] [12] поминал шест недели на прво место на R&B топ-листата од Billboard.[16] Песната, исто така, имала мејнстрим успех, поминала три недели на прво место на поп-листата од Билборд.[17] Со ова, тој од 200 долари неделно почнал да заработува над 5.000 долари неделно.[18]

Thumb
Реклама за билборд, 29 мај 1961 година

Кук потпишал со издавачката куќа RCA Victor во јануари 1960 година, која му понудила гарантирани 100.000 долари.[19] [20] Еден од неговите први синглови со RCA Victor бил „Chain Gang", кој стигнал до второ место на поп-листата на Билборд.[12] потоа следувале и другите хитови, како „Sad Mood“,[12] „Cupid", „Bring It On Home to Me", „Another Saturday Night" и „Twistin' the Night Away".

Во 1961 година, Кук основал своја издавачка куќа, SAR Records.[21] Кук потоа основал и фирма за менаџмент под име Kags.[22]

Remove ads

Смрт

Кук бил убиен на 11 декември 1964 година во мотелот Хасиенда во Лос Анџелес. Тој се здобил со прострелна рана во градниот кош, за која подоцна било утврдено дека му го прободила срцето.[23]

Менаџерката на мотелот, Берта Френклин, рекла дека пукала во него во самоодбрана. Нејзиното тврдење веднаш било оспорено од познаниците на Кук.[24] [25] Сопственичката на мотелот, Евелин Кар,[note 1] рекла дека разговарала со Френклин на телефон во моментот на инцидентот. Кар рекла дека го слушнала упадот на Кук, расправијата, истрелот и повикала полиција.[12]

Дискографија

  • Sam Cooke (1958)
  • Encore (1958)
  • Tribute to the Lady (1959)
  • Cooke's Tour (1960)
  • Hits of the 50's (1960)
  • Swing Low (1961)
  • My Kind of Blues (1961)
  • Twistin' the Night Away (1962)
  • Mr. Soul (1963)
  • Night Beat (1963)
  • Ain't That Good News (1964)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads