Сенмут

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сенмут
Remove ads

Сенмут, познат и како Сенемут или Сененмут (починал во 1463 п.н.е.), бил древноегипетски архитект и чиновник во времето на 18. династија.

Thumb
Остракон со ликот на Сенмут, Музеј Метрополитен, Њујорк

Познат е по тоа што извршувал бројни функции во времето на фараоните Аменофис I и Тутмозис I, а за време на владеењето на Хатшепсут бил најблизок нејзин поклоник, татковски се грижел за нејзината единствена преживеана ќерка, а според некои материјали се смета дека бил и нејзин љубовник. Ги изградил храмот на Амон Ра во Карнак и гробницата на Хатшепсут во Дер ел Бахари, којашто се смета за една од неспоредливите градби во Древен Египет. По смртта на ќерката на Хатшепсут, бил ослободен од сите должности и исчезнал, па така не се знае точното место каде што бил погребан, но изградил гробница, веднаш до онаа на Хатшепсут во која има цртеж на астрономски календар.

Remove ads

Семејство

Thumb
Рамос (лево), Сененмут (среде) и Хатнофер (десно), прикажани на камена плоча од страна на Сененмут

Сенмут бил син на Рамос и Хатнофер, кои биле од среднокласно семејство од Армант. Познато е дека имал тројца браќа: Аменемхет, Минхотеп и Паири; и две сестри: Ахотеп и Нофретхор.[1] Сепак, само Минхотеп е погребан надвор од гробниците ТТ71 и ТТ353, што било отркиено на плочата од ковчегот пронајден во одајата каде што се погребани Рамос и Хатнофер.[2]

Remove ads

Почетна кариера

Во времето на фараоните Аменофис I и Тутмозис I, најверојатно Сенмут најпрвин учел за свештеник, подоцна станал офицер, за најпосле да стане чиновник. Во подоцнежните периоди од неговиот живот, извршувал многу високи функции и се стекнал со значајни титули. Така на пример, станал „управител на имот во Амон“. Со тоа сносил одговорност за целокупниот имот во рамките на храмот на Амон Ра во Карнак, вклучувајќи ги и резервите на скапоцени метали, скапоцени камења, земјишта, стада со добиток и други економски користи. Според Питер Дорман, опфатени се вкупно 88 титули, од што може да се претпостави дека Сенмут соодветните титули не ги извршувал истовремено. Ваков извонреден опис на личност во древен Египет дотогаш немало.

Remove ads

Време на Хатшепсут

Thumb
Коцкеста статуа на Сенмут со главата на ќерката на Хетшепсут, Неферу Ре, ~1475 г.п.н.е., Египетски музеј, Берлин

За време на владеењето на Хатшепсут, Сенмут станал нејзин главен архитект, градител, главен управител на имотот, а со тоа и нејзина најдоверлива личност. Тој исто така бил одговорен за воспитувањето на нејзината единствена преживеана ќерка, Неферу Ре. За Хатшепсут изградил најголем дел од нејзините градби. При изградбата на нејзинита гробница во Дер ел Бахари, од една страна создал тераса, чијшто облик бил дел од друг храм во близина, а од друга страна создал фигури на колонади и во внатрешноста на храмот, уникатен покрив, така што храмот можел да ја издржи масата на карпите.

Односот со Хатшепсут

Со сигурност, Сенмут бил еден од љубимците на Хатшепсут, но не постојат никакви докази дека обајцата биле во љубовна врска. Некои истражувачи сметаат дека ова било случај и дека Сененмут бил омилениот татко на Неферу Ре. Најмалку една статуа ги прикажува заедно со Неферу Ре во заштитна прегратка, којашто целосно може да се протолкува дека ги надминува неговата функција на воспитувач и татковската интимност.

Како награда и доказ на нејзината благонаклоност, Сенмут смеел да изгради гробница (ТТ353), веднаш до гробницата на Хатшепсут. До овој гроб води долг ходник, директно од средиштето на кралската гробница. Преку цртежите и натписите во неговата погребна одаја може да се препознае желбата за овековечување на неговата почит и искрена оданост кон Хатшепсут.

Thumb
Саркофагот на Сенмут, Музеј Метрополитен, Њујорк

Плочата од неговиот гроб е украсена, меѓу другото и со астрономски календар, чиишто соѕвездија потекнуваат од 1463 г.п.н.е. Така, ѕвездата која во овој спој е наречена „ѕвезда на кралевите на Озирискулминирала во Древен Египет во 1463 г.п.н.е., на 23. и 24. Ахет III[а] до 7. час во ноќта[б] (полноќ) и го симболизира повторното раѓање на мртвите. Овој цртеж служел најмалку до појавата на фараоните со името Рамзес, кога често се користел во рамзесовите часовник како пример за цртежите на надгробните плочи. Астрономскиот спој, којшто е нацртан на гробот на Сенмут бил откупен, иако астрономските настани во египетскиот календар во меѓувреме се изместени.[3]

Гробот немал надземен култен систем, кој напротив бил изграден во Шеих Абд ел Курна (ТТ71). Овој систем е лошо одржуван и бил украсен со цртежи. Пронајдени се и остатоци од цртежи од страна на критските посетители.

Remove ads

Последни години

Во времето кога, ќерката на Хатшепсут, Неферу Ре, починала, Сенмут бил ослободен од сите негови должности и во 16. година од владеењето на Хатшепсут исчезнал. Не се знае досега, што се случило со него. Најверојатно имал противници и луќѓе кои му завидували, кои биле љубоморни на неговиот напредок и достигнување. Поради тоа, не е чудно што по неговата смрт. речиси сите негови слики биле уништени. Исто така и неговата мумија е загубена.

Remove ads

Белешки

  • а Според јулијанскиот календар овие датуми се 14. и 15 ноември.
  • б Во текстовите од книгите за смртта, 7. час во ноќта го симболизира времето на повторното раѓање.

Наводи

Користена литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads