Сепфора
сопруга на Мојсеј From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сепфора (старогрчки: Σεπφώρα) или како Ципора (хебрејски: צִפּוֹרָה = „птица“) — сопругата на Мојсеј, која е споменета во библиската книга Исход; ќерка на Јотор, месниот свештеник и водач на Мадијамците. Таа е мајка на двата Мојсееви сина: Гирсам и Елиезер.[2][3]
Remove ads
Во Библијата
Сепфора била една од седумте ќерки на Јотор, месниот свештеник и водач на Мадијамците (полуномадски народ). Додека Евреите биле робови во Египет, Мојсеј убил египетски надзорник, кој удрил Евреин, за што бил осуден на смрт од страна на фараонот. Мојсеј морал да побегне од Египет во земјата на Мадијам (Исход 2:15).[4] Еден ден седел кај бунарот, каде што ќерките на Јотор ги донеле овците на нивниот татко. Се појавиле други овчари и ги истерале девојчињата за први да го напојат своето стадо. Мојсеј им помогнал на девојчињата — ги избркал овчарите и им го напоил нивното стадо. Кога девојчињата се вратиле дома, нивниот татко прашал:
Зошто толку брзо се вративте денеска?
Тие одговориле:[5]
Девојчињата: Некој Египќанин нè заштити од овчарите, та дури налеа вода за нас и им даде да пијат на [нашите] овци.
Јотор: Каде е тој? Зошто го оставивте така? Повикајте го, нека јаде леб со нас (Исх. 2:18–20).
После тоа, Мојсеј почнал да живее меѓу Мадијамците. Јотор му ја дал својата ќерка Сепфора, која му родила два сина — Гирсам и Елиезер. „Едно име е Гирсам, затоа што Мојсеј рекол: Јас сум странец во чудна земја; а другото име е Елиезер, бидејќи [тој рекол], Бог, помошникот на мојот татко, ме избави од мечот на фараонот“ (Исх. 18:3–4).[6] По смртта на египетскиот фараон, Бог го повикал Мојсеј да се врати во Египет. Мојсеј го започнал своето патување за Египет, земајќи ги со себе сопругата и децата. Едно од нивните деца не било обрежано навремено, а потоа Господ, појавувајќи се на Мојсеј, му се заканил со смрт за такво прекршување на Законот. Потоа, Сепфора го обрежала со камен нож и го фрлила, обоен со свежа крв, пред нозете на Мојсеј со извикот: „Ти си за мене крвав младоженец“ (Исх. 4:24–26).[7] По излегувањето на Евреите од Египет, Јотор се сретнал со Мојсеј, доведувајќи ја и Сепфора, која претходно била вратена со синовите на Мојсеј (Исх.18:2).[6]
Темната кожа на Сепфора
Уште едно споменување на Сепфора во Библијата (Бр. 12:1–15), кога Миријам и Арон (сестрата и братот на Мајсеј) го прекоруваат Мојсеј дека се оженил со „Етиопјанка“, односно жител на Куш или Нубија. Самите Мадијамци имале темна кожа и биле наречени „кушим“, хебрејски збор за луѓе со темна кожа. Античките и средновековните еврејски извори спорат дали Сепфора била кушитка. Јосиф Флавиј известувал дека кушитката станала сопруга на Мојсеј уште пред да избегала од Египет — тој се оженил со неа за време на Јужната воена кампања, како воен водач во египетската армија. Современите библиски истражувачи се согласуваат дека кушитката и Сепфора се две различни жени, бидејќи бигамијата била легална уште од времето на Јаков (патријарх на Израилците — еврејски народ). Сепак, некои истражувачи ја опишале Сепфора како кушитка со темна кожа.
Remove ads
Сепфора како тема во уметноста и во популарната култура
Филм
- „Принцот на Египет“ — цртан филм (адаптиран од книгата Исход) од 1998 година. Сепфора е во глас на Мишел Фајфер.[8]
- „Десетте заповеди“ — анимиран филм од 2007 година.[9]
- „Исход: Богови и цареви“ — филм од 2014 година.[10]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads