Серафим II Цариградски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Серафим II ЦариградскиВселенски патријарх во периодот од 1757 до 1761 година.

Кратки факти Црква, Ракоположен ...

Живот

Серафим II е роден во Делвина, јужна Албанија како дете на грчки[1] родители кон крајот на XVII век. Пред да биде избран за Вселенски патријарх на 22 јули 1757 година тој бил митрополит во Пловдив.[2]

Како патријарх во 1759 година тој го воведува постот на Свети Андреја на 30 ноември,[3] и во 1760 година тој ај дал првата дозвола на Козма Аетолски да започне со мисинерска работа во селата во Тракија.[4]

Во 1759 година го поканил Евгениј Бугарски да ги надгледува реформите во патријахалната академија и за време на неговото начелствување во академијата било под влијание на Серафимовите проруски идеали на Бугарски што придонело до приближување на Руското царство со Цариградската патријаршија.[5][6]Како последица на ова Серафим II бил заменет на 26 март 1761 година и протеран на Света Гора,[2] и бил заменет од отоманските власти со Јоаникиј III.

За време на Руско-турската војна 1768-1774 тој го поддржувал Руското царство и воспоставувањето на проруска православна држава на Балканот во 1769 година и ги поттикнувал грците да се бунтуваат против Турците.[7] По неуспехот на востанието, во 1776 година се преселил во Украина, каде починал на 7 декември 1779 година.[2] Погребан е во Марскиот манастир.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads