Серех

From Wikipedia, the free encyclopedia

Серех
Remove ads

Серех — особено важен тип на хералдика користен во Древниот Египет. Како и подоцнежната картуша, го содржи кралското име.

Thumb
Серех на Џет со соколот на богот Хор од горе

Изглед

Серех бил украсена вињета комбиниран поглед на фасада на палатата и поглед на врвот од кралскиот двор. Зборот „serekh“ потекнува од египетскиот збор за фасада. Различни серехи на различни видови објекти прикажуваат безброј варијации на фасадниот декор во неговата комплексност и во детали. Се чини дека не постојат строги уметнички правила за дизајнот на еден сарех.[1][2][3]

Употреба

Серех вообичаено се користел како кралски жиг, нагласувајќи го и почитувајќи го името на фараонот. Неговата употреба може да се следи уште од времето на Герзеанската култура (околу 3400 п.н.е.). Хиероглифите што го формирале името на кралот биле поставени во правоаголна екстензија на врвот на серехот, што го претставувало кралскиот двор. Дополнително, соколот на богот Хорус, или во неколку случаи животното на богот Сет, бил цртан на врвот на серехот, покажувајќи го небесниот покровител на именуваниот крал.[1][2][3]

Ако зборот „серех“ бил напишан со целосни букви (како што е прикажано во горната инфокутија), понекогаш придружена со минијатура од серех, исто така се користела во текст.[1][3]

Remove ads

Историја

Серех најпрвин се појавил како орнаментална минијатура за време на доцната Герзеанска култура, кога бил употребуван само како кралски грб. Од времето на Старото Кралство наваму, првите употреби на целосниот пишан збор се појавуваат во старите папируси.[1][2][3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads