Серотонин
хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Серотонинот или 5-хидрокситриптамин е невротрансмитер.
Remove ads
Опис
Главно се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт, крвните плочки и централниот нервен систем на животните, вклучувајќи ги и луѓето. Своите ефекти ги дава поврзувајќи се за серотонинските (5-HT) рецептори. Настанува во нервните клетки и ги пренесува информациите од една до друга нервна клетка при што дејствува веднаш. Кај мажите, серотонинот се создава дури и за 52% повеќе во однос на жените.[4] На создавањето на серотонинот влијаат многу фактори при што многу е важна генетиката. Притоа, кај одделни луѓе се создаваат различни киличества серотонин, а неговиот ефект зависи и од тоа на кој рецептор е врзан. Исто така, важно е дали со исхраната во организмот се внесува аминокиселнината триптофан, бидејќи таа влијае врз создавањето на серотонинот. На количеството на серотонин влијае и менталната активност.[4] Постојат седум вида серотонински рецептори.
Remove ads
Ефекти на серотонинот
Недостигот на серотонин може да предизвика чувство на непријатност од кое произлегува копнежот по слатка храна. Серотонинот има различни функции: ги забрзува моторните функции, го регулира крвотокот во мозокот, влијае врз регулацијата на телесната температура, има аналгетско дејство, го намалува апетитот, а ако го има премногу, тогаш ја намалува желбата за сексуална активност или ја оневозможува ерекцијата кај мажите. Доколку дојде до намалено создавање на серотонин во нервниот систем, доаѓа до нарушување на расположението во вид на депресија, а често и во вид на анксиозност. Понатаму, недоволното ниво на серотонин го намалува и нивото на мелатонин во организмот, што го нарушува циклусот на спиење.[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads