Сива економија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сива или неформална економија (англиски: grey economy, informal economy) претставува дел од економската активност која не е регистрирана во официјалната статистика.

Сивата економија во Македонија
Според Државниот завод за статистика, во 2013 година, неформалниот сектор учествувал со околу 20% во БДП на Македонија. Во 2011 година, лицата вработени во неформалниот сектор зафаќале 25% во вкупната вработеност, додека во 2013 година, тој процент паднал на 22,5%. Притоа, бројот на неформално вработените бил поголем кај машкото население отколку кај женското, а учеството на младите лица (на возраст од 15 до 24 години) во сивата економија изнесувало 13,4%.[1]
Според „Стратегијата за формализирање на неформалната економија 2018-2022“ на Министерството за труд и социјална политика, најчести форми на неформална економија се:[2]
- Затајување на данок
- Неправилности во примената на Законот за работни односи
- Висок степен на мито и корупција
- Недозволена и непријавена прекугранична трговија со добра
- Високо учество на готовина во масата на пари
- Извршување на зделки во натура или компензација
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads