Сиво муварче

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сиво муварче
Remove ads

Сивото муварче (науч. Muscicapa striata) е мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата. Се размножува низ цела Европа (вклучувајќи ја и Македонија) и западна Азија, и е птица преселница, која зимува во Африка и југозападна Азија. Нејзиниот број опаѓа во делови од опсегот.

Кратки факти Сиво муварче, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Thumb
Младенче, со карактеристични точки, брзо по напуштањето на гнездото
Thumb
Гнездо со јајца
Thumb
Гнездо со пилиња

Сивото муварче има невпечатлив изглед со долги крилја и опашка. Возрасните имаат сивокафеави горни делови и белкави долни делови, со некои прошарувања на градите. Нозете им се кратки и црни, а клунот им е типичен за птиците што ловат инсекти во лет, широк и заострен на врвот. Младенчињата се покафеави од возрасните и имаат точки на горните делови од телото (оттаму во англискиот оваа птица се вика „точкесто муварче“).

Remove ads

Поведение

Сивото муварче лови, стоејќи карактеристично исправено, од впечатливо место за перчење, правејќи смел лет веднаш штом ќе го забележи инсектот да прелета. Често, по ловот, повторно се враќа на истото забележливо место.

Оваа птица покажува нетипично митарење, менувајќи ги примарните и некои од секундарните пердуви по обратен редослед што е вообичаен за повеќето врапчевидни птици.[2]

Огласувањето на муварчињата е тенко, развлечено и меко, со многу висок тон цццииииииииииииииип, кое на крајот малку опаѓа.

Размножување

Thumb
Cuculus canorus canorus + Muscicapa striata

Животната средина на сивото муварче се листопадните шуми, парковите и градините, со простор меѓу дрвјата. Градат отворено гнездо на соодветно место на дрвото или на ѕид, и ги прифаќаат куќичките за птици што имаат отвор однапред.

Несат 4-6 јајца.

Интересно, повеќето видови европски птици, не прават разлика меѓу сопствените и јајцата на другите видови. Но, исклучок се птиците кои биле домаќини на кукавицата, и кои ја развиле вештината на препознавање и заштита од ваквите гнездови паразити. Сивото муварче развило одличен инстинкт за препознавање на туѓите јајца, па овој некогашен чест домаќин на кукавичјите јајца, повеќе воопшто не е жртва на натрапникот.[3] За разлика од него обичното попче, кое најверојатно е домаќин од неодамна, не покажува никакво распознавање на јајцата.

Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads