Сидли (планина)

највисок вулкан на Антарктикот From Wikipedia, the free encyclopedia

Сидли (планина)
Remove ads

Сидли (англиски: Mount Sidley) — највисокиот вулкан на Антарктикот со висина од 4.181–4.285 м.[1][2] Ова е штитест вулкан претежно покриен со снег и највисокиот од петте вулкани во Венецот на Извршниот Комитет на Земјата на Мери Берд. Планината има калдера широка 5 км[3] на јужната страна и се наоѓа североисточно од планината Вејше во јужниот дел на венецот.

Кратки факти Сидли, Највисока точка ...

Планината ја открил американскиот поморски офицер и истражувач Ричард Берд со авионски прелет на 18 ноември 1934 г. Ја нарекол по Мејбел Сидли, ќерка на стопанственикот и добротвор Вилијам Хорлик кој придонел за Бердовата експедиција во 1933–35 г.[4] И покрај неговата висина, големата оддалеченост и непристапност, за оваа планина се знае мошне малку во споредба со многу попристапниот Еребус, кој е втор вулкан по висина на континентот и се наоѓа близу америкаската и новозеландската база на Росовиот Остров.

Првото освојување на Сидли го направил Новозеланѓанецот Бил Аткинсон на 11 јануари 1990 г. додека помагал во теренските истражувања на Американската антарктичка програма.[5]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads