Сика Јаничоска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сика Врангалова Јаничоска (31 декември 1927 во Кавадарци — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Како ученичка во кавадаречката гимназија се истакнала по својата активност и во септември 1942 година била примена за член на СКОЈ. Учествувала во гимназиските штрајкови 1942-1943 година што биле организирани против училишните власти. Опфаќала напредни младинци, собирала народна помош, растурала летоци во градот и гимназијата, ги бојкотирала фашистичките организации „Браник“, „Легионар“ и други. Во гимназијата раководела со воспитна скоевска група. Во септември 1944 година била избрана од редот на активистите во Кавадарци за учителка и била испратена во селото Бегниште.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads