Сикјес

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сикјесmap
Remove ads

Сикјес или Сикее (грчки: Συκιές, Сикјес) — приградско подрачје на Солун, Егејска Македонија, денес во општината Неаполи-Сикјес на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 35.545 жители (2021). Претставува административен центар на денешната општина Неаполи-Сикјес.

Кратки факти Сикјес Συκιές, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Населбата е сместена во подножјето на планината Хортач, во непосредна близина на градот Солун, надвор од неговите западни ѕидини, источно од населбата Неаполи.[2] Зафаќа површина од 7,982 км2.

Историја

Населбата била подигната во 1922 г. од грчки колонисти од Мала Азија.[2]

Со наредба на грчката влада од 18 јануари 1934 година кон Сикјес се припоени исто така новосозданените доселенички населби Неа Варна, Леванти, Ригас Фереос, Колокотронис, Арго, Заими, Топ Алти и населбите Ексо тон Тихон и Гени ке Ески Делик.[2]

Стопанство

Населението исклучително се занимава со градски занимања.[2]

Население

Населбата за прв пат се спомнува во пописот од 1928 година кога броело 1.200 жители. Во пописот од 1940 година, селото било забележано со 7.595 жители, во 1951 година со 9.626, во 1961 година со 16.697, во 1971 година со 23.574, во 1981 година со 32.288, а во 1991 година со 34.059 жители.[2]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Во 1954 година, населбата станала самостојна градска општина, а атарот на општината опфаќал површина од 9,782 квадратни километри. Во нејзиниот состав влегувале населбите Арменохори и Реџик.[2]

Населбата припаѓа на општинската единица Сикјес со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Неаполи-Сикјес, во округот Солун.

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Тодор“ — изградена во 1964 година, подигната врз темелите на постара црква од VII век.[3]

Наводи

Надворешни врси

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads