Силажа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Силажа — поткиселена сочна добиточна храна, со влажност 65-75%.[1] Во Македонија помасовно започнува да се употребува од втората половина на XX век на поголемите фарми. Се силажираат култури што тешко се сушат или ако при косидбата временските услови не се погодни за подготвување сено. Во некои земји во светот на одделни краварски фарми таа е единствената кабаста храна во текот на целата година. Во Македонија служи главно за исхрана на добитокот во зимскиот период. Силажата во однос на сеното има предност поради подобриот квалитет, помалиот простор, полесното чување, помалите загуби и трошоци, а освен тоа нема опасност за опожарување.[2][3]

Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads