Симче Настевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Симче Настевски ( 1925 во Вратница21 октомври 1943 во Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. Татко му заминал на печалба, поради што уште млад работел како момок, а подоцна ѝ како рудар во рудникот Радуша. Од февруари 1944 година организирано работел за целите на Народноослободителното движење. Поради примерната револуционерна активност, пролетта 1943 година бил примен за член на СКОЈ. По формирањето на партизанскиот одред на Шар Планина, станал еден од најсигурните партизански курири. Зачленувал нови партизани во одредот, носел доверлива пошта, ги снабдувал партизаните со храна и други материјали. Особено бил активен во работата со младината во своето и соседните села. По тешкото предавство, поради што бил разбиен Шарпланинскиот одред, на 21 октомври 1943 година бил затворен и стрелан од страна на бугарскиот окупатор, тој со други родољуби, три дни пред закажаното венчавање со избраната девојка.[1]

Remove ads

Поврзано

Партизани и селани стрелани после првата провала на Шарпланинскиот одред биле ѝ:

Основното училиште во неговото родно село Вратница,[2] како и една улица во скопската населба Радишани,[3] го носат токму неговото име.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads