Сино џуџе

хипотетичка класа на ѕвезди From Wikipedia, the free encyclopedia

Сино џуџе
Remove ads

Сино џуџе — предвидена класа на ѕвезди кои се развиваат од црвено џуџе откако тоа ќе го потроши водородот. Бидејќи црвените џуџиња го соединуваат водородот бавно и се наполно струевити (што значи дека сиот водород се соединува, наместо само оној во јадрото), се предвидува дека живеат трилиони години; засега вселената не е доволно стара за да има сини џуџиња. Нивното идно постоење е предвидено од теоретски модели.[1]

Thumb
Уметничка претстава на сино џуџе.
Remove ads

Хипотетичко сценарио

Како што стареат, ѕвездите имаат сè поголема сјајност, и посјајната ѕвезда треба да зрачи енергија побргу за да ја одржи рамнотежата. Ѕвездите поголеми од црвени џуџиња го прават ова со тоа што растат во големина и стануваат црвени џинови со поголеми површини. Меѓутоа, наместо да се шират, црвените џуџиња со помалку од 0,25 Сончеви маси (M) го засилуваат нивното зрачење со зголемување на површинската температура и стануваат „посини“. Ова се должи на тоа што површинските слоеви на црвените џуџиња не стануваат значително понепроѕирни со зголемување на температурата.[1]

Иако се така наречени, сините џуџиња не секогаш стануваат доволно врели за да станат сини ѕвезди. Извршени се симулации за идниот развој на црвени џуџиња со маса помеѓу 0,06 и 0,25 M.[1][2][3] Најсиното сино џуџе добиено на крајот од симулацијата почнало како црвено џуџе со маса од 0,14 M, и завршило со површинска температура од 8.600 K (8.330 °C), што го прави синобела ѕвезда од типот A.

Remove ads

Умирање

Се смета дека сините џуџиња со време целосно го трошат водородот, и внатрешниот притисок станува недоволен за соединување на било кој. Штом заврши соединувањето, тие повеќе не се „џуџести“ ѕвезди од главната низа, и стануваат бели џуџиња — кои, без оглед на називот, не се „џуџиња“ од главната нива и не се ѕвезди, туку ѕвездени остатоци.[1]

Штом поранешните сини џуџиња ќе станат изродени неѕвездени бели џуџиња, тие се ладат, губејќи ја топлината преостаната од последната фаза на водородно согорување. На ладењето му е потребно многу долго време — многу подолго од сегашната старост на вселената – слично на времето потребно за да се претворат од црвени во сини џуџиња. Белото џуџе со време ќе се олади и ќе стане црно џуџе. Вселената засега не е доволно стара за да постојат црни џуџиња.

Теоретски е возможно едно вакво џуџе во било која развојна фазаа да се спои со друго и да стане поголема ѕвезда како хелиумски ѕвезди.[4] Ваквите ѕвезди со време исто така ќе станат бели џуџиња, и како другите, ќе се оладат и ќе станат црни џуџиња.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads