Сиромашни и богати
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сиромашни и богати - музички албум на македонската рок-група „Хахаха“, објавен во 2012 година, како издание на „Moonlee Records“ од Љубљана.
Содржина
Албумот содржи десет песни:[1][2]
- Храбар Нов Свет
- Колку назад можеш да се вратиш?
- Сиромашни и богати
- Втора смрт
- Кон своите се вртиш
- Пробав да се исклучам
- Секој работи
- Ако се одвојам од болката
- Фанариотска приказна
- Ја полниш земјата со смрт
Опис на албумот
На албумот настапуваат членовите на групата: Васко Атанасоски (гитара и вокал), Ненад трифуновски (бас-гитара) и Џано Куч (тапани), како и гостите: Владан Дробицки (тромбон на петтата и на седмата песна), Панче Бјуклиев (електричен клавир на петтата и на седмата песна) и Кристина Горовска (вокал на втората и дајре на седмата песна). Членовите на групата се автори на аранжманите, додека музиката и текстовите се дело на Васко Атанасоски. Албумот е снимен во „МКЦ - Скопје“ во мај-јуни 2012 година, а снимањето, продукцијата, миксот и мастерингот ги направил Ненад Трифуновски. Дизајнот на албумот го направиле членовите на групата и Fitz aka Feetz. На предната страна на обвивката е прикажанa сликата на холандскиот сликар Герард Терборх, „Дете го чисти своето куче од болви“.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads