Сито
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Метално сито, познато и само како сито — прибор за готвење кој служи за раздвојување на посакуваните од непосакуваните состојки или за одредување на честичниот распоред преку примена на проткаена преграда налик на мрежа или метал.[1] При готвењето, ситото служи за раздвојување и прекршување на грутки во суви состојки како на пример брашно. Сличен прибор на сито е цедилката, која служи за раздвојување на тврдите состојки од течности.

Remove ads
Сеење
Сеењето претставува едноставка техника за раздвојување на честички со различна големина. Суровите честички се раздвојуваат или прекршуваат со нивно меѓусебно гмечење преку отворите на преградата. Во зависност од видот на честичките кои се раздвојуваат, обично се користат сита со различни видови на отвори. Ситата исто така служат за раздвојување на камчиња од песок. Сеењеето има важна улога во прехранбената индустрија, каде ситата служат за спречување на валкање на производот од туѓи тела. Притоа, обликот на индустриското сито е од основно значење.[2]
Remove ads
Материјал на изработка
Дрвено сито
Мрежата на дрвените сита може да биде изработена од дрво или плетенка. Дрвото како материјал на изработка се користи за избегнување на валкање кога ситото се користи за одмерување.[3] Хенри Стивенс порачува дека жиците на решетото или ситото е најдобро да бидат изработени од елка, врба или американски брест, а рабовите од елка, даб или бука.[4]
Поврзано
- Решето
- Цедилка
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads