Ситонија
полуостров и општина во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ситонија (грчки: Σιθωνία) — средниот крак на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија. На запад од него е кракот Касандра, а на исток е Света Гора. Заливите околу полуостровот се Светогорскиот на исток и Торонискиот од запад. Во средишниот дел на полуостровот се наоѓа планината Итамос или Драгунтелис, а кај селото Балабан (Нова Мармара) е сместено познатото одморалишно место Порто Карас. Пределите се планински, со пасишта и шуми.
Remove ads
Општина Ситонија

Карта на Општина Аристотел
Административно, полуостровот е своја општина (Δήμος Σιθωνίας) во Халкидичкиот округ. Создадена е на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Ситонија и Торони по законот „Каликратис“.[1]
Општината има само 5 традиционални села. Највеќето населени места се создадени како туристички одморалишта, а уште две села се основани од дојденци од Мала Азија во XX век.
Општинска единица Ситонија



Општинската единица Ситониja со седиште во Никит ги опфаќа следниве оддели и населени места:
- Општински оддел Никит
- град Никит (Νικήτη, Никити)
- село Елија (Ελιά) новос. турист.
- Општински оддел Аја Никола
- село Аја Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос)
- остров Ајбелици (Αϊμπελίτσι)
- село Вурвуру (Βουρβουρού) новос. турист.
- село Галини Агиу Николау (Γαλήνη Αγίου Νικολάου) новос. турист.
- остров Дијапорос (Διάπορος)
- село Елеонас (Ελαιώνας) новос. турист.
- остров Елија (Ελιά)
- село Метох Зограф (Ζωγράφου, Зографу) новос. турист.
- остров Лагониси (Λαγονήσι) новос. турист.
- село Ормос Панагијас (Όρμος Παναγίας) новос. турист.
- остров Перистери (Περιστέρι)
- село Пиргос (Πύργος) новос. турист.
- село Салониќу (Σαλονικιού) новос. турист.
- село Схиња (Σχοινιά) новос. турист.
- село Фтероти (Φτερωτή) новос. турист.
- Општински оддел Метиргич
- град Метиргич (Μεταγκίτσι, Метангици)
- село Агии Теодори (Άγιοι Θεόδωροι) новос. турист.
- Општински оддел Балабан
- град Балабан (или Нова Мармара; Νέος Μαρμαράς, Неос Мармарас) новосоздадено
- село Агија Киријаки (Αγία Κυριακή) новос. турист.
- село Азапико (Αζάπικο) новос. турист.
- село Галини Неу Мармара (Γαλήνη Νέου Μαρμαρά) новос. турист.
- остров Желкин Остров (Κέλυφος, Келифос)
- село Имери Елија (Ήμερη Ελιά) новос. турист.
- село Партиноне (Παρθενώνας, Партенонас)
- остров Спалатронисија (Σπαλαθρονήσια)
- село Стиладари (Στυλαδάρι) новос. турист.
Општинска единица Торони


Општинската единица Торони со седиште во Шиќа ги опфаќа следниве оддели и населени места:
- Општински оддел Шиќа
- град Шиќа (или Сиќа; Συκιά)
- село Шиќиска Плажа (Παραλία Συκιάς, Паралија Сикијас) новос. турист.
- село Валти (Βαλτί) новос. турист.
- село Каламици (Καλαμίτσι) новос. турист.
- село Куфос (Κουφός) новос. турист.
- село Пигадаки (Πηγαδάκι) новос. турист.
- село Платанија (Πλατάνια) новос. турист.
- село Торони (Τορώνη)
- село Трстеник (Δεστενίκα, Дестеника)
- Општински оддел Сарти
- град Сарти (Σάρτη) новосоздадено
Remove ads
Поврзано
- Галепс — древен град на полуостровот
- Тороне — древен град на полуостровот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads