Сиченг
реон во Пекинг From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сиченг (кин. упр. 西城区, пинјин: Xīchéng Qū) — реон во градот Пекинг. Зафаќа површина од 32 км² и со тоа претставува најголем составен дел од стариот град (во II обиколница), а населението брои 706.691 жители.[1] Поделен е на 15 подреони.
Во рамките на реонот се наоѓаат деловното подрачје Сидан, Бејхајскиот парк, Џиншанскиот парк, Шечахај и Џунгнанхај, како и подреонот со популарни со места за излегување, Хоухај. Пред комунизмот, во ова подрачје живееле највеќето аристократи и членови на царското семејство. Во Сиченг е сместена и најстарата католичка црква во Пекинг — Катедрала на Безгрешното зачетие.
Remove ads
Economy
Во Сјиџенг се сместени седиштата на шпедитерското претпријатие COSCO,[2][3] новинската агенција Сјинхуа,[4] Банката на Кина и Државната електродистрибуција.[5][6]
Поважни места во Сиченг
- Пекиншка зоолошка градина
- Камбанарија и тапанарија (кули Голоу и Џунглоу)
- Храм Фајуен
- Еснаф Хугуанг
- Храм Миаојинг
- Џамија Ниуџие
- Лиуличанг - чаршија и пазар на старини
- Дворец на кнезот Гунг
- Сјинџиекоу
Образование
Во реонот се наоѓа Средното училиште при Пекиншкиот педагошки универзитет[7]
Родени во Сиченг
- Си Ѓинпинг — Претседател на Кина
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads