Плешка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Плешка
Remove ads

Кај човекот, плешката или лопатката (односно scapula) е триаглеста плочеста коска прилепена за задната страна од градниот кош, протегајќи се од второто до седмото ребро. На неа се разликуваат две страни, предна и задна, потоа три раба и три агли. Предната страна од лопатката е означена како ребрена страна, бидејќи прилегнува на ребрата. Таа во целост е вдлабната во подлопаткина јама (fossa subscapularis, 1 на сликата горе) каде што се поврзува истоимениот мускул. Задната страна од лопатката со помош на лопаткин гребен (spina scapulae, 2 на сликата долу) е поделена на две јами и тоа горна надгребна јама (1 на сликата долу) и долна, подгребна јама (3 на сликата долу). Во јамите се поврзуваат истоимените мускули. Лопаткиниот гребен насочен латерално завршува со коскено задебелување или натпрелка acromion (10 на сликата долу). Акромионот носи зглобна површина за зглобување со акромијалниот крај на клавикулата. Аглите од лопатката се три на број и тоа горен (5 на долната слика), долен (7 на долната слика) и латерален (9 на долната слика). На латералниот агол се наоѓа зглобна вдлабнатина (cavitas glenoidalis, 2 на горната слика) за зглобување со коската на надлактот (humerus). Над зглобната вдлабнатина се наоѓа коскен израсток налик на клун (processus coracoideus, 11 на долната слика). На него се поврзуваат повеќе мускули и врски. Рабовите од лопатката се исто така на број три: латерален (8 долу), горен (4 долу) и медијален (6 долу). Медијалниот е оддалечен од ’рбетниот столб за 5 – 6 cm.

Thumb
Положба на коската во рамките на раменскиот појас.
Thumb | Thumb
Слика 1 : Лева скапула. Предна страна.
Thumb | Thumb
Слика 2 : Лева скапула. Задна страна.
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads