Скијање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скијање — вид превоз, рекреативна активност или натпреварувачки зимски спорт во кој учесниците користат скии за да се лизгаат по снегот. Повеќето видови скијање се признати од Олимпискиот комитет и од Меѓународната скијачка федерација.

Историја
Скијањето има историја од скоро пет милениума.[1] Сепак современото скијање се создало во Скандинавија, но се смета дека пред 100 века се вежбала во денешна Кина, според стари цртежи.[2][3]
Зборот скијање е од норвешко потекло, но се користи меѓународно. Доаѓа од стариот норвешки збор „skíð“ што значи „одвоено парче дрво“.[4][5]
Раните скијачи користеле една долга штека или копје. Првиот опис на скијач со две штеки датира од 1741 година.[6]
Сè до средината на 19 век, скијањето се користело само за превоз, а од тогаш се смета за рекреација и спорт. Армиските скијачки трки се одржувале во 18 век во Норвешка, а скијачкото војување било изучувано при крајот на 18 век. Со развојот на опремата за скијање и со појавата на ски-лифтовите, скијањето се поделило на два типа, алпско и нордиско скијање.
Remove ads
Опрема
Опремата која се користи за скијање вклучува:
- Скии, кои можат да имаат кожа или восок за полесно лизгање.
- Чизми и ски-спојки
- Штеки
- Кациги и скијачка облека
- Ракавици за скијање
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads